Ја намамила љубовницата на сопругот во својот стан, па и приредила вистински хорор
Жена ја намамила љубовницата на својот сопруг, па ја врзала, и ставила лут сос во половиот орган, а на крај и ја избричила и главата.
Инцидентот се случил во холандскиот град Зундерт, а жената идентификувана како Халима, е осудена на 160 дена затвор поради напад.
Халима исто така мора да одработи 120 часа добротворна работа, да оди кај психолог и да и плати на жртвата 52 илјади евра оштета, пишува Мирор.
Откако дознала дека мажот ја изневерува со една од нејзините пријателки, Халима со сосетката смислила план и ја намамила љубовницата во својот стан, каде ја совладала, врзала, па и ставила лут сос во вагината, на крај и ја избричила главата и ја истепала.
На суд изјавила дека на мажот ќе му даде втора шанса, иако планирала да се разведе.
-Сакав да се разведам, но неочекувано останав трудна. Моите деца се се уште премали. Му простив, но не заборавив, кажала Халима.
Сосетката на Халима е осудена на три месеци затвор поради помагање во нападот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
