Ја давел за врат, го убила во самоодбрана - притвор за осомничената за убиството во Велес
Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна девојка од Велес за кривично дело – Убиство, соопштија од ОЈО Велес.
На 29 септември, како што информираат од велешкото обвинителство во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница.
– По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица, објаснуваат од ОЈО Велес.
Имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената може да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
-

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката
-

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени
-

Приведен 30-годишник од Кавадарци, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Нејмар по дебито на Мундијалот: Плачев во соблекувалната
-

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази
