Ја чекала светла иднина, но влезе во светот на дрогата: Заврши во затвор, а таму и се породи – нејзиниот живот стана пекол!
Студенката која редела само десетки во индексот се породила во затвор, откако започнала да експериментира со кетамин и така „застранила“, се слушало на судењето, а пишува Мирор.
Талентираната Кјара Мансел (22) од Велс, пред себе имала светлна иднина пред да се „запознае“ со дрогата.
Судијата на судењето рекол дека девојката морала да мине низ застрашувачко искуство за породување во затвор, бидејќи поради користење на дрогата станала и насилен криминалец.
Мансел завршила во затвор затоа што нападнала две жени, а едната од нив е доживотно унакажана. За време на последниот напад била и бремена и се породила додека била во притвор.
-Трагедијата е во тоа што Вашиот прекршок е во спротивност со Вашиот претходен начин на живот. Сте биле академски образована девојка и девојка со светла иднина. Голема штета. бебето Ви е одземено само неколку дена по породувањето. Ќе мора да донесете одлука да се промените поради себе, но и поради бебето, рекол судијата, додека таа плачела.
Додека Кјара Мансел студирала запознала постар маж кој ја одвел во светот на дрогата. Во јуни минатата година ја нападнала партнерката Холи Едварс. На суд се слушнало дека тогаш гласно пуштала музика, за да ги пригуши криците на своите жртви. Ја ударала со делови од мебелот, а втората жртва ја унакажала за цел живот кога со чаша ја гаѓала во еден паб.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите