Извозот во првите десет месеци со раст од 16,9 проценти

Вкупната вредност на размената со странство во 10-те месеци од годинава изнесува 10.903.802 илјади американски долари. Во првите десет месеци од годинава извозот е во вредност од 4.657.736 илјади американски долари, а увозот 6.246.066 илјади американски долари.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика извозот бележи раст од 16,9 проценти во однос на тој период лани, а увозот 12,2 проценти.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари - октомври 2017 година, изнесува 1.588.330 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 74,4 проценти.
Македонија во овие 10 месеци најмногу извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникел и облека.
Во овој период најмногу се увезувале платина и легури на платина, необработени или во прав, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Ново на Сител
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
