Извозот од ТИРЗ достигна една ипол милијарда евра
Само за илустрација да ви кажам, минатата година вкупниот извоз од технолошко индустриските развојни зони достигна еден ипол милијарда евра, ако се вратиме на 2009 година, тогаш извозот беше само 22 милиони евра, рече директорот на ТИРЗ Виктор Мизо на отчетот.
-Значи гледаме колку голем раст имаме во изминатите шест години, но истовремено контрибуцијата на тој извоз минатата година од вкупниот извоз од Република Македонија околу 36 проценти е реализиран од компаниите во зоните. И она што е многу важно е, тоа е многу голема диверзификација на извозот, сега имаме голема додадена вредност, производи како катализатори, автобуси, воздушни перничиња, електроника, навлаки за седишта, но истовремено гледаме дека растот на извозот од година в година расте. Минатата година пораснавме за околу 26 проценти, а во февруари овој месец имавме најголем месечен извоз од зоните во износ од 145 милиони евра. Ако продолжиме вака со ова темпо, оваа година се планира зголемување уште еднаш од 20 – 25 проценти, што значи во блиска иднина ќе стигнеме до две милијарди евра извоз само од зоните, рече Мизо.
Ново на Сител
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје
-
Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост
-
Општина Центар: Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО