Фудбал
8. March 2024 - 18:32

Извлечени полуфиналните парови во Купот на Македонија

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со жрепка се извлечени паровите за полуфиналето во националниот Куп.

Жрепката одлучи Шкупи во првиот натпревар да му биде домаќин на Тиквеш, а Воска на Македонија ЃП.

Првите натпревари се на програмата на 3. април, додека реваншите на 17. април од 15:00 часот.

Финалето од Купот на Македонија е закажано на 22. мај.