Извлечени двојките за осминафиналната фаза на Лига Европа
Ждрепката за осминафиналната фаза на Лига Европа ги размина најголемите фаворити во второто по сила клупско натпреварување на Стариот континент.
Големиот судир во оваа фаза е меѓу носителот на Купот на Германија Ајнтрахт (Франкфурт) и италијанскиот гигант Интер. Ова е единствениот осминафинален меч во кој поранешни освојувачи на трофејот се соочуваат еден со друг.
Унаи Емери продолжува во својот омилен турнир со дуел на неговиот Арсенал против Рен. Другиот англиски претставник, Челзи, ќе се соочи со Динамо (Киев).
Најуспешниот тим во Лига Европа – Севиља, доби удобен ривал во лицето на Славија (Прага).
Дуелите од осминафиналето ќе се играат на 7 и 14 март. Точниот распоред ќе биде специфициран по извлекувањето. Првите извлечени тимови ќе бидат домаќини во првиот дуел.
Челзи – Динамо (Киев)
Ајнтрахт (Франкфурт) – Интер
Динамо (Загреб) – Бенфика
Наполи – РБ Салцбург
Валенсија – Краснодар
Севиља – Славија (Прага)
Арсенал – Рен
Зенит – Виљареал.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста