-->
-->
„Известија“: Над 200 илјади рубљи е просечната сума за поткуп во Русија
-->

Речиси двојно е зголемена сумата за поткуп во Русија од лани - од 109.000 на 208.000 рубљи, се вели во податоци на Министерството за внатрешни работи на Русија.
Според анализа на Фондот Јавно мислење, над половината Руси сметаат дека секој зема поткуп ако му биде понудено. Во тоа се убедени над 51 отсто од граѓаните во државата, објави весникот Известија.
Полицијата не крие дека давањето и примањето поткуп е на ниво на национална катастрофа во Русија. Експерти тврдат дека годишните штети од поткуп за економијата во Русија достигнуваат стотици милиони долари, додава весникот во извештајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
