Извештај: Напаѓачите во Европа не го користеле познатиот „наркотик на џихадистите“
Ниту еден од терористите, кои извршиле напади во Европа од 2015 година досега, не консумирале амфетамин каптагон, кој е познат како „наркотик на џихадистите“, објави во својот извештај Францускиот центар за набљудување на дрогите.
- Постоењето на „наркотик на џихадистите“ е мит, изјави авторот на извештајот Лоран Ланиел, експерт за нарко-пазарите во Европскиот центар за набљудување на дрогите.
Според него, нападите од 13 ноември 2015 година во Париз, во кои загинаа 130 лица, создадоа илузија за поврзаност меѓу џихадистите и каптагонот, а оттаму и со Сирија.
- Никој од тие терористи не користел каптагон пред да тргне во напад, нагласи Ланиел, осврнувајќи се на извршените аутопсии, кои покажуваат дека напаѓачите не биле под влијание ниту на наркотици, ниту на алкохол.
Тој додава дека „некои информации создаваат впечаток дека борците во Сирија консумираат стимулирачки дроги, за кои се тврди дека создаваат чувство на непобедливост“.
Ново на Сител
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи