Израелски авиони извршија нов напад врз Иран

Израелски авиони извршија нов воздушен напад врз воен аеродром во близина на северозападниот ирански град Табриз денеска околу 12:30 часот по локално време, објавија локални и безбедносни извори.
Се верува дека целта на нападот била воздухопловната база Шахид Факури, која се користи за сместување на борбени авиони, објави иранска новинска агенција.
Нападот следел неколку часа откако израелските сили извршиле воздушни напади врз Техеран и други градови низ Иран, погодувајќи станбени области и воени објекти.
Според ирански извори, меѓу загинатите во утринските напади се високи воени и безбедносни претставници, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал Мохамед Хосеин Бакерија, командантот на Револуционерната гарда, Хосеин Саламија и командантот на иранската команда за воздушна одбрана, генерал Голама Али Рашид.
Изворите наведуваат дека настрадале и најмалку шест нуклеарни научници.
Лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи го осуди нападот и го предупреди Израел за „тешки последици“. Израел засега не го коментираше последниот напад кај Табриз, ниту официјално ја потврди одговорноста за утринскиот напад.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
