Израелска компанија откри нова верзија на вирусот „Wanna Cry“

Израелската компанија за информатичка технологија „Чек поинт софтвер технолоџис“ соопшти дека открила нова верзија на вирусот „Wanna Cry“, со чија помош непознати хакери извршија кибер напади во 150 земји во светот.
- Во последните неколку часа станавме сведоци на напади со брзина од еден напад во секунда, стои во синоќешното соопштение на компанијата.
Големите компании за кибер безбедност „Симантек“ и „Касперски“ соопштија дека истражуваат индикации кои можат да ги поврзат глобалните кибер напади, чија цел е добивање на откупи преку програми кои досега беа поврзани со Северна Кореја
Како што јави ТАСС, двете компании наведоа дека, дел од кодот на претходните верзии на „Wanna Cry“ бил користен од групата „Лазарус“, која според истражувачите од многу земји е раководена од Северна Кореја.
Шефот на „Волт Дизни“, Боб Ајгар изјави дека хакерите украле необјавен филм од компанијата и оти бараат огромен откуп.
Ајгар не посочи за кој филм станува збор, но истакна дека компанијата нема да потклекне на уцената.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
