Израел тежок испит за младите македонски кошаркари
По вчерашниот слободен ден, денеска средби од 4.коло е ЕП за кошаркари до 18.години што се одржува во Скопје.
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево (18:45 часот) во СЦ Кале ќе го игра четвртиот меч на шампионат (Б дивизија).
Во пресрет на дуелот со Израел кој е во рамките од Ц групата Македонија со два порази и само една победа е претпоследното 5.место на табелата, додека Израелците се втори со две победи и пораз од Чешка.
Дали лекцијата од поразот од аутсајдерот Луксембург е научена останува да се види, иако реално Израелците важат не само за фаворити на овој меч, туку и воопшто за еден од главните фаворити за највисок пласман.
Покрај мечот Македонија – Израел, вечерва од 21 часот ќе се одиграат и преостанатите две средби од оваа група.
Лидерот Чешка против кој црвено-жолтите ќе играат утре, вечерва игра против Холандија, а во последниот натпревар ќе играат Исланд и Луксембург.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар