-->
-->
Израел со падобрани им подели вода на своите војници во Газа
-->

Израел со падобрани им испратил седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ). Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат.
„ На израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани им испорачавме околу седум тони вода.
Системот ’наведувано снабдување’ е напреден оперативен систем што овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија“, напиша ИДФ на својот канал на мрежата Телеграм.
„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна а во испораката го користевме товарниот авион „Шимшон“ “, додадоа од ИДФ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
