00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Свет
9. December 2023 - 16:37

Израел продолжи со нападите врз Газа по ветото на САД за прекин на огнот

Израел продолжи со воздушните напади и копнената офанзива во Појасот Газа откако синока Соединетите  држави ја блокираа резолуцијата во Советот за безбедност на ОН со која се повика на итен хуманитарен прекин на огнот. Жестоки борби  помегу изарелксата војска и милитантите на Хамас  се водат во градот Кан Јунис во јужна Газа. Кан Јунис е опкружен  со тенкови од источната и северна страна а најголем дел од населениот обегнало во крајбрежните области или појужно во Рафах. Бегалскот камп Џабалија на север, исто така е опколен, оствајќи илајдници заробени внатре со денови без храна и вода.

Од 15 членки на Советот за Безбедност на ОН , 13 гласаа за  резолуцијата со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа,  Велика Британија беше воздржана, а само САД беа против

Иако Соединетите Држави силно поддржуваат траен мир во кој и Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот. Ова само ќе го засади семето за следната војна бидејќи Хамас нема желба да види траен мир за да се бара решение со две држави, заменик амбасадор на Соединетите држави во Обединетите Нации, Роберт Вуд.

Ветото на Вашингтон беше брзо осудено од палестински власти и Хамас, чие  Министерствот за здравство  објави дејка последниот биланс на загинати во Газа е 17 490, главно жени и деца. РЕагираше и Турција, која заедно со Саудиска Арабија се обиде пред седницата да ги предомисли Соединетите сдрќави да се откажат  од своето противење на резолуцијата.

- „За жал, прекинот на огнот беше очигледно отфрлен со тоа што само Америка гласаше против. Сама по себе. Дали може да има таква правда? Дали може да има таков праведен свет? Но, што велиме ние? Праведен свет е всушност можен - но не со Америка.

Гласањето  во Советот  за безбедност, уследи откако првиот човек на ОН, Анотнио Гутереш го активираше членот 99 од повелбата на ОН. Овој член му овозможува на генералниот секретар да му укаже на Советот за безбедност на „секое прашање што, според него, може да ги загрози меѓународниот мир и безбедност.

Луѓето од Газа гледаат во бездната. Меѓународната заедница мора да направи се што е можно за да се стави крај на нивната искушение.

Израел пак го прекори Советот што воопшто го разгледа гласањето. Израел вети дека ќе го искорени Хамас по неговите невидени напади на 7 окотмври во коибеани  загинаа 1200 луѓе а 240 беа однесени во заложништво.