Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19
– Израелското Министерство за здравство синоќа соопшти дека се пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата над 60 години.
Генералниот директор на Министерството за здравство, Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку сериозна болест за разлика од делта.
Изрелската Телевизија Канал 13 објави дека ако има повеќе такви информации, Аш можеби нема да ја поддржи препораката од 28 декември лицата постари од 60 години, здравствените работници и ризичните групу граѓани да примат четврта доза вакцина против Ковид-19.
Израел е на пат да стане прва земја во светот каде поединечни групи граѓани ќе бидат имунизирани со четврта доза.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
