Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни

– Милицијата Хезболах за првпат по повеќе од еден месец лансираше вооружен дрон насочен кон возило на израелската армија во јужен Либан, соопшти денеска израелската војска.
Групата поддржана од Иран последен пат користеше ваков тип дронови пред стапувањето во сила на најновиот прекин на огнот меѓу Израел и Либан во јуни. Претходните напади во неколку наврати резултираа со загинати израелски војници.
Израелската војска го опиша најновиот инцидент како „флагрантно кршење на прекинот на огнот“. Во соопштението, војската наведе дека нема повредени војници во ноќниот напад. „Џерусалем пост“ објави дека Израел има намера да одговори.
Според медиумски извештаи, инцидентот се случил во близина на јужниот либански град Набатија, каде што се верува дека Хезболах одржува голем подземен комплекс во кој засолниште пронашле десетици членови на групата.
Обновениот прекин на огнот меѓу Хезболах и Израел е во сила од 19 јуни, потсетува ДПА.
По неколку неуспешни обиди, непријателствата значително се намалија. Сепак, Израел ги продолжи воените операции во јужен Либан, наведувајќи дека нападите имаат за цел неутрализирање на заканите што Хезболах ги претставува за израелските сили.
По децении конфликт, Израел и либанската влада на крајот на јуни исто така се согласија за рамка која има за цел чекор кон мир и безбедност. Хезболах не беше вклучен во преговорите и цврсто се спротивстави на одредбите за разоружување кои се дел од договорот.
Се очекува претставници на Израел и соседниот Либан повторно да се сретнат во Рим следната недела за понатамошни разговори.
МИА
Ново на Сител
-

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак
-

Пред пукањето во Тајланд ученикот ги убил своите баба и дедо
-

Седуммина убиени во пукањето во училиште во Тајланд, 15 повредени
-

ИЈЗ: Нови содржини на апликацијата „Беббо“ во рамки на Светската недела на доењето
-

Од средината на јули до крајот на август најопасен период за шумски пожари во Грција
-

Документарен филм „Секоја капка за Преспа“
-

34 годишник со 3,29 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка во Скопје
-

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација
