Изненадување од ВизЕр - неверојатна цена за лет од Скопје до Хановер

Новата линија Скопје – Хановер со Виз ер од скопскиот аеродром Александар Велики почнува в понеделник, 31 октомври, заеднички соопштија денеска ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор и Виз ер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа.
Првиот авион од Скопје за Хановер на 31 октомври ќе полета во 18:50 часот, а потоа од Хановер ќе пристигне во Скопје на 1 ноември во 00:25 часот. Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија двапати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година. Авионите ќе заминуваат од Скопје за германскиот град секој понеделник и петок, а оттаму за Скопје ќе доаѓаат секој вторник и сабота.
- Хановер е 23 дестинација со која Виз ер оперира од скопскиот аеродром Александар Велики, а истовремено деветта дестинација од Скопје и од Македонија до Германија. Задоволни сме од брзата експанзија на мрежата на дестинации на македонските аеродроми што ја постигнавме во изминатите години и ќе продолжиме да работиме на нејзиното натамошно проширување заедно со авиокомпаниите, Владата како наш партнер и сите инволвирани институции во воздухопловството. Очекуваме оваа авиолинија да се покаже како успешна и да ги поврзува нашите патници со Германија, од деловни и образовни причини или пак за одмор и релаксација, а во исто време да донесе и германски туристи и бизнисмени во Македонија - изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што информираат од Виз ер, седиштата на новата авиолинија Скопје – Хановер може да се резервираат по цени кои почнуваат од 899 денари за билет во еден правец, со вклучени такси и задолжителни давачки, преку веб-страницата на авиокомпанијата www.wizzair.com.
-Радосни сме што воведуваме уште една линија од аеродромот Александар Велики до Хановер. Со цени за билетите почнувајќи од 899 денари, сигурни сме дека оваа линија ќе биде популарна како и другите 22 рути во нашата мрежа во Скопје. И понатаму остануваме посветени на Македонија и ќе продолжиме да ги нудиме најниските можни цени за авиобилети, заедно со одличната услуга во воздухопловот и одличното искуство за време на патувањето. Нашиот пријателски настроен екипаж од Македонија со нетрпение ве очекува да ве пречека за лет на Виз ер со насмевка - рече Тамара Валоис, раководител на Одделот за комуникации во Виз ер.
Покрај Хановер, како 23. дестинација на оваа авиокомпанија, скопскиот аеродром е поврзан со 8 други градови во Германија: Берлин, Келн, Дортмунд, Франкфурт, Фридрихсхафен, Хамбург, Минхен и Нинберг, сите управувани од Виз ер.
Скопскиот аеродром Александар Велики нуди директни линии до 33 дестинации, а заедно со охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Македонија во моментов има авионска врска со вкупно 35 дестинации.
ТАВ Македонија ги заврши првите 9 месеци од 2016 година со 17% повеќе патници превезени на двата македонски аеродрома - Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, споредено со истиот период минатата година, достигнувајќи вкупно 1.382.714 патници. Во истиот временски период, од јануари до септември 2016 година, бројката на полетувања и слетувања на двата аеродрома во Македонија исто така е зголемена за 11% на вкупно 13.009 летови.
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
