Изненадувачка поддршка за Турција од Грција

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изрази поддршка за Турција за кризата со Холандија, што се создаде откако холандските власти ја протераа од земјата турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетјул Сајан Каја и не му дозволија на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу да одржи митинг пред турската зедница во Ротердам.
- Јас не би сакал да се мешам во внатрешните политички проблеми на другите држави, но во Европа има принцип што дозволува одржување на такви настани. Пред одредено време имаше слична посета од Турција во западна Тракија. Но нема причина за налагање забрана кон Турција. Не треба да се провоцираат проблеми што можат да предизвикаат проблеми во Европа, изјави Катругалос за телевизијата „СКАЈ“.
Тој исто така забележа дека неговата земја отсекогаш се стремела да ги задржи пријателските односи со Турција.
Мислењето што го изрази грчкиот заменик-министер за надворешни работи е изненадувачко, но е важна поддршка за Турција во екот на конфликтите што се создадени поради забраните наложени од неколку европски земји. Поради претстојниот референдум во Турција за поголеми овластувања за турскиот претседател, турските претставници сакаа да одржат митинг пред турските заедници во неколку земји, но тоа не им беше дозволено.
Ново на Сител
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
-

Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030
