Изминатите четири години вложени 73,2 милиони денари во инфраструктурата во Гевгелија
Општина Гевгелија изминативе четири години за подобрување на комуналната инфраструктура вложила 73,2 милиони денари кои биле потрошени за нови канализациски линии во повеќе населени места.

- Целосно нови канализациски мрежи добија населените места Моин и Давидово, а на повеќе гевгелиски сообраќајници кои беа реконструирани, изградивме атмоферска канализација, потврдија денеска од надлежната општинска служба од каде посочија дека најголемиот дел од средствата, околу 28,5 милиони денари биле наменети за проширување на фекалната канализација, а околу 28 милиони денари за изградба на атмосферска канализација.
Покрај ова, беше речено дека во изминатиов четиригодишен период над 15 милиони денари општината потрошила за санација, реконструкција и одржување на одводните канали и речните корита и дека во овој период комплетно бил уреден одводниот канал „Рауљ“.
Во извештајниот период биле реализирани 50 зафати за проширување на комуналната инфраструктура во општина Гевгелија финансирани со средства од општинскиот буџет и финансиска подршка од Владата на Република Македонија и ИПА грантови.
Ново на Сител
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
