Изминатите 24 часа во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен

Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3, и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Изутринава во Лазарополе се измерени 4 степени, Берово и Попова Шапка, 5, Mаврови Анови и Крива Паланка, 6, Битола и Kрушево, 9, Тетово и Демир Капија,10, Претор, Струмица, Прилеп и Охрид, 11, Виница, Куманово, Штип и Кавадарци, 12, Скопје-Зајчев Рид и Велес, 13, Гевгелија, 18.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 28 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
