Измените на законот за служба во Армијата поминаа на владина седница
Иден развој на Армијата заснован на високо квалитетни кадри, лични и професионални вредности на персоналот, висок морал и стандард, со цел создавање Армија оспособена за извршување на зададените одбранбени мисии и задачи е целта на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, кој денеска беше утврден владина седница.
Предлог-законот ќе биде доставен до Собранието, а во него се вградени проширување и допрецизирање на должностите кои се сметаат како должности во вршење на служба во Армијата, согласно потребите и барањата на НАТО, со кои се уредува дека како служба во Армијата се смета и учеството во меѓународни операции, мисии и операции на Организацијата на Северноатлантскиот договор – НАТО.
Со предложените измени и дополнувања се уредува и правото на стаж на осигурување со зголемено траење за целокупниот активен воен и цивилен персонал на служба во Армијата, како и можност за стипендирање на кадри за критични специјалности за потребите на Армијата за кои има недостиг.
Со предложените измени се продолжува времетраење на договорот кој Министерството за одбрана го склучува со професионалните војници, од три на четири години, заради обезбедување соодветна пополна на командите и единиците на Армијата, согласно потребите за менаџирање со персоналот, како и обезбедување оптимално водење во кариера за време на вршењето на служба во Армијата, со уредување на начинот на оценување на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, согласно НАТО регулативите за унапредувањето на офицери и подофицери во непосредно повисок чин согласно стандардите на НАТО.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога