Измените на Законот за платежни услуги и платни системи на Комисијата за финансирање и буџет
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет, на која треба да се дискутира по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка.
Како што стои во образложението објавена на собраниската веб-страница, основната цел на предложените измени е усогласување на Законот за платежни услуги и платни системи со Предлог измените на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија (кој е во фаза на донесување). Се посочува дека Предлог на законот се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.
-Основните решенија на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги се: Усогласување со Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка со кој се предвидуваат одредби за формирање на нов орган на управување кој презема дел од досегашните овластувања и задачи на гувернерот, во делот на одлучувањето за издавање на дозволи и согласности за финансиски институции и во делот на преземање на мерки кон банки,
штедилници и други финансиски институции кои се предмет на супервизија на Народната банка. Измени на дел од одредбите со цел нивно допрецизирање заради појасна примена на истите, се вели во образложението за овој предлог-закон.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
