Измени во возниот ред на автобусите што сообраќат до Средно Водно
Од викендов ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25, што сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно. На оваа линија во ударните термини ќе возат по уште два автобуса за разлика од досега.
Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП „Скопје“, редуцирани ќе бидат термините на поаѓања на линиите 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно).
– Измените во возниот ред се должат на анализите направени на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје, при што беше утврдена преоптовареност на автобусите на линија 25, односно постои зголемен интерес на граѓаните за користење на јавниот превоз до Средно Водно од почетната станица од Транспортен центар. Истовремено, пак, помал број на граѓани од очекуваните користеле јавен превоз до Средно Водно со линиите 25А и 25Б, со почетна станица од Автомакедонија/Стара железничка станица и од Дом на печат, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.
Користењето на линиите 25, 25А и 25Б се бесплатни за време на викенди и државни празници. Одлуката ја донесе Град Скопје со цел помасовно користење на јавниот превоз за транспорт до Водно, како една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
Линијата 25 функционира секој ден, освен во понеделник, а 25А и 25Б сообраќаат само за време на викенди и државни празници.
Граѓаните возниот ред можат да го погледнат на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен

