Изменет протоколот за влез во терминалните згради на аеродромите

На аеродромите во државава од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација протов Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат / потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување. Ова не се однесува на лица под 18 години.
Во известувањето до патниците на веб страницата на Меѓународниот аеродром Скопје е наведено дека е извршена измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.
-Согласно Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена извршена е измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија, стои во известувањето.
Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги почитуваат превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда.
-Постојано носете заштитна маска, одржувајте физичко растојание, често дезинфицирајте ги рацете, практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури, порачуваат од ТАВ Македонија.
Ново на Сител
-

Новиот закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Тешко повреден 93-годишен пешак во Кавадарци по удар од „југо“
-

Третина од домаќинствата во земјава живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни, 71% се греат на цврсти горива, а 20% на струја
-

На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан - Пеќин
-

Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
-

На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
-

Пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација при претрес во неготинско Војшанци
-

Засилени контроли на АХВ: 60 казни и уништени над 600 килограми небезбедна храна
