-->
-->
Измамен 75-годишник од Пирок Тетовско
-->
Седумдесет и пет годишник во полицијата во Тетово пријавил дека бил измамен од непознато лице на кое му дал пари за да му ги одјави регистерските таблици.
-Пред две недели додека Н.О (75) од тетовски Пирок чекал превоз од селото да оди до градот, за да ги одјави регистарските таблици од неговото возило, му се доближило непознато лице со возило со тетовски ознаки и му рекло дека ќе му ги одјави таблиците ако му даде 2.500 денари. Н.О. се согласил, му ги дал бараните пари и една таблица, но потоа утврдил дека таблиците воопшто не му биле одјавени и дека е измамен, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Откако вчера е пријавен случајот полицијата се обидува да го најде лицето кое го измамило човекот од тетовски Пирок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот