Изложбата на дела „Мал формат“ во Прилеп

Изложба на дела од 50 автори изработени во „Мал формат“ денеска ќе биде отворена во галеријата „Борко Лазески“, во организација на ЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Посетителите ќе имаат можност да видат и изложени дела од наградените творби од областа на сликарството, графиката и скулптурата.
„Малиот формат“ како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници.
- Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25 на 25 сантиметри претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, велат од ДЛУМ.
Ново на Сител
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
