Изложба со модни креации на учесници на обука во институтот „Изет Цури“

Модни креаци изработени од посетителите на обуката во Меѓународниот институт на модата - Изет Цури беа претставени на вчерашната изложба што се одржа во Чифте Амам.
Изложбата ја организираа Меѓународниот институт на модата „Изет Цури“, Амбасадата на Франција во Македонија, Францускиот институт во Скопје и општина Чаир.
Менторот Цури на учесниците на обуката во Модниот институт им додели сертификати.
- Преку искуството и кредибилитетот на господинот Цури, што го постигна токму во француската модна индустрија, како и големата поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот културен центар, успеавме на жителите на Чаир да им овозможиме да ги научат тајните и да го почуствуваат француската мода на најдобар можен начин. Токму за тоа оваа изложба е за чест на Националниот ден на Република Франција која секоја година се одбележува на 14 јули, рече во обраќањето на отворањето на изложбата градоначалникот на Чаир Изет Меџити.
На настанот присуствуваа и амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер, Филип Дурон, пратеник во францускиот Парламент и Беким Незири, министер за економија.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
