-->
-->
Изложба „Оружје од османлиски период до крајот на Втората светска војна“ во Куманово
-->

„Оружје од османлиски период до крајот на Втората светска војна“ е насловена изложбата која беше отворена синоќа во Уметничката галерија во Куманово.
Посетителите имаа можност да разгледаат околу 50-тина парчиња ладно и огнено оружје кое се користело од османлискиот, се до крајот на Втората светска војна. Авторот Марија Живачки, изјави дека изложбата се реализира во соработка со Музејот на Македонија и Воениот Музеј на Македонија.
- Посетителите имаат можност да видат оружје од 17 век, јатагани, сабја од 19 век, пушки на кремен, „каранфилка“, „шишана“ од 17 век, кобурите од 18 и 19 век, оружје користено во Илинденскиот период, револвери, пушки и пиштоли користени во текот на Балканските војни, Првата, Втората светска војна. Презентирани се пушкомитралези, противтенковска пушка, други експонати кои сведочат за историјата на македонскиот народ, изјави кустосот и историчар од НУ Музеј,Марија Живачки.
Посетителите имаа можност да се едуцираат и преку поставените карти за востанијата, Карпошовото, Кресненското или македонското востание, Илинденското...Музејот на Македонија излезе во пресрет на кумановскиот музеј со предмети кои се дел од збирките на Музејот на Македонија, посебно од османлискиот период, која е раритетна и има исклучително значење.
- Посетителите можат да видат предмети кои се раскошно изработени од македонски мајстори во македонски работилници.Оружјето не треба да се разбере дека служи само за воени цели, туку има статусен симбол и од особено значење за идентитетот за секој,така и на македонскиот народ, изјави Даниела Николова, кустос советник историчар во Музејот на Македонија и промотор на изложбата.
Прод.др.Александар Стојчев, директор на Воениот Музеј на Македонија изјави дека изложбата е тесно поврзана со воената историја на Македонија и историјата на македонскиот народ. Изложбата, рече, оди во прилог на успешната соработка на Министерството за одбрана и Министерството за култура. Во обраќањето пред присутните, Стојчев нагласи дека авторката успешно преку презентацијата на оружјето ги презентира воено-историските настани во кумановско и Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
