Изложба „Од колекцијата на Скопје“
Од колекциите на Скопје, е насловена изложбата на уметнички дела во сопственост на Град Скопје, културните установи и јавните претпријатија“, што ќе биде отворена вечер во Музеј на град Скопје.
Ќе бидат изложени уметнички слики изработени во повеќе техники, скулптури, графики и цртежи на автори кои живееле и твореле во Македонија. Станува збор за 142 дела кои потекнуваат од уметничките збирки сопственост на Град Скопје, скопските јавни претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, на Конгресен центар „Александар Македонски“,Културно информативен центар, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Дом на културата „Кочо Рацин“ и Музеј на град Скопје.
Поголемиот дел од сликите од изложбата припаѓаат на автори кои се основоположници на македонската современа уметност, како и автори припадници на постарата генерација на ликовни уметници од Македонија, а следствено на тоа нивните дела поседуваат и историска и уметничка вредност. Еден од основните мотиви за организирање на ваква комплексна и хетерогена поставка е токму идејата да се претстават пред македонската јавност, вредните уметнички дела кои секојдневно можат да се видат во работните простории на Градот Скопје, јавните претпријатија, но и во работните простории и депоата на културните установи на Градот Скопје.
Селекцијата на делата е направена од работна група формирана од градоначалникот на Град Скопје.
Изложбата ќе биде поставена до 15 декември, а за неа е отпечатен и репрезентативен каталог.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола