Македонија
28. јуни 2016 - 14:53

Изложба на ракотворби од кривопаланечкиот Дневен центар

Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на ракотворби изработени од лицата од Дневниот центар во Крива Паланка.

Оваа изложба, информира Александар Рангелов директор на НУ Центр за култура, се организира во соработка со меѓуопштинскиот центар за социјални работи и нивното одделение за дневен престој на лица со интелектуална попреченост.
- Изложени се нивните ракотворби изработени на креативните работилници и тоа: теписерии, икебани од дрво, икебани од камен, декоративни корпи, накит од пластика и мермерни изработки со антички мотиви, изјави Рангелов. 
 
Изработките со антички мотиви се работени со унифицирани калапи доделени од страна  на Министерството за труд и социјална политика. 
 
- Во Дневниот центар досега биле изготвени 90 такви ракотворби со рајската птица, Александар Македонски, сонцето на Вергина, Канео и големата мајка.  Дел од изработките се изложени овде и се навистина впечатливи, додека останатите ракотворби се оригинални и ние како институција сме им благодарни на лицата и вработените кои работат со нив во подготовката на истите, рече Рангелов.
 
Изложбата е дел од Годишната национална програма на МИнистерството за култура и ќе биде отоврена во следните десет дена.