Изложба на карикатури од Миро Георгијевски во Кавадарци
Изложба на карикатури насловена “Миросани од Миро” беше отворена синоќа во кавадаречката Музеј галерија. Неа ја сочинуваат шеесетина карикатури од најновиот циклус творење на овој автор. Во своето обраќање, директорот на културната институција, Петре Камчевски потсети дека музејот има големо искуство во организирање на изложби на карикатури. Се осврна и на животот и делото на Миро.
- Роден е во Куманово во 1946 година. Со карикатура се занимава повеќе од педесетина години. По професија е машински инжењер, а карикатурата му е хоби. Работел како уредник за карикатури во списанието “Остен”, а има работено карикатури за весниците “Нова Македонија” и “Дневник”, соопшти Камчевски.
Нагласи дека Миро е еден од најуспешните македонски карикатуристи и добитник на многу признанија кај нас и во светот. Во Кина ја има освоено наградата “Мајстор на карикатура” и е прогласен за еден од стоте најзначајни карикатуристи во светот. Во 2011 година од ЗКМ, Миро е прогласен за карикатурист на годината. На седмиот Меѓународен загребски салон за автокарикатура во 2013 година, за својата карикатура, добитник е на првото посебно признание.
Покровители на настанот се кавадаречкиот градоначалник и Советот на општина Кавадарци.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација