-->
-->
Изложба на дела од Вељо Ташовски во Велес
-->

Во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела од сликарот Вељо Ташовски.
Изложбата претставува пресек на целокупното творештво на авторот од периоди во неговото создавање, односно 30-ина слики во комбинирана техника.
Според Мирјана Талеска, кустос од Националната галерија на Македонија, Ташовски својот карактеристичен ликовен израз го изградил постапно, низ постепено надополнување на сопствената и традиционална културна матрица, испреплетувајќи ги личните, локалните, но и општочовечките димензии на толкување на животните вистини...
Изложбата ја организираше Народниот музеј од Велес во соработка со Националната гачерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, а е дел од проектот „Кич, да!? сте или не?“ поддржан од Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шпанија денеска избира нова власт
-

Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ
-

Прва машка трка посветена на машкото здравје во Скопје
-

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј
-

„Македонија пат“: Патиштата се чистат во континуитет, сообраќајот се одвива непречено
-

Облачно со повремени локални врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
