Изложба на дела од наградените од „Остен“ за светско културно наследство

Во галеријата „Остен“ денеска напладне ќе биде отворена изложба на дела на пет познати светски уметници кои се носители на наградата Светско културно наследство.
Наградата се доделува на Остен Биеналето на цртеж на починати уметници кои значајно придонеле за уметноста во светски рамки. Досегашни добитници на оваа награда се Виктор Вазарели (2009), Пабло Пикасо (2010), Димитар Аврамовски Пандилов (2012), Хуан Миро (2014) и Салвадор Дали (2016).
- Ги покануваме љубителите на уметноста да ја искористат оваа навистина ретка можност да уживаат во ремек-делата на велемајстори кои ги обележаа некои од највпечатливите трендови во уметноста, како и во проекција на документарец од архивите на унгарската национална телевизија (со превод на македонски) посветен на животот и дејноста на Виктор Вазарели - таткото на оп артот, соопшти „Остен“ за изложбата која ќе може да се посети до 8 март 2017.
Ново на Сител
-

Бебе починало во болницата во Кавадарци
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
-

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија
-

Трамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земја
-

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
