Изложба на Чатмов во родниот Велес
Од 09 до 30 ноември велешани ќе може да уживаат во делата на на познатиот македонски сликар Трајче Чатмов.

Иложбата е дел од серијата изожби низ Македонија изминативе месеци со дела од неговиот опус, а оваа во родниот Велес на Чатмов е организирана по повод денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.

Во продолжение критиката на професорот Гоце Наневски за изложбата:
„Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот “розев” мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: ,,Предзнаењата се одлични” и ,,Легендите се за читање”. Сега дополнувам: “Читајте ги сликите на Чатмов!”

Ново на Сител
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
