Изложба на АРМ во чест на Мајка Тереза

„Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за Света Мајка Тереза“ е насловот на изложбата на фотографии од животот и делото на Мајка Тереза која денеска ја отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски, во чест на нејзиното прогласување за светица.
Јолевски нагласи дека Министерството и Армијата силно се посветени на промоцијата на мирот и дека активно се вклучи во активностите во рамките на Татковинската прослава „Денови на Мајка Тереза“ во Скопје.
- Кога зборуваме за Мајка Тереза ние тука гледаме три збора: љубов хуманост и мир. Армијата на Република Македонија дава голема почит на тие три големи збора. АРМ е гарант на мирот и стабилноста на Македонија. Кога станува збор за химаноста ние секогаш сме тука кога тоа е потребно, третиот збор покажува дека Армијата на Република Македонија има голема љубов кон својата татковина и кон своите граѓани, истакна Јолевски.
Појасни дека во рамките на изложбата ќе биде споделена авторизираната копија од Нобеловата диплома за мир доделена на Мајка Тереза во 1979 година која како прв експонат се чува во Воениот музеј на Република Македонија во Скопје.
- Норвешкиот Нобелов институт од Осло во 2011 година го додели овој музејски експонат на Воениот музеј во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија за да се користи во проектите за промоција на ликот и делото на Мајка Тереза, рече Јолевски.
На изложбата на која беа поставени поголем број документи и фотографии од животот и делото на Светата Мајка Тереза, покрај бројните гости присуствуваа и ученички од второ одделение од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ од Аеродром облечени како сестрите од Редот на милосрдието на Мајка Тереза.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
