Македонија
5. April 2016 - 8:37

Изложба „Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“. Изложбата ќе ја отвори германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер.

Изложбата потекнува од Центарот за документација и култура на германските Синти и Роми во соработка со многубројни национални ромски организации во Европа. Таа го документира национал-социјалистичкиот геноцид врз Синтите и Ромите и тоа почнувајќи од нивната маргинализација и одземањето на нивните права во национал-социјалистичка Германија, па се до нивното системско уништување во окупираната Европа. Последниот дел од изложбата се однесува на актуелниот расизам против Синтите и Ромите.

Изложбата ќе биде достапна за јавноста од 6 до 16 април 2016 година.