Излезноста до 17 часот на ниво на држава е 39,87%

Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,87 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности.
Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, пристгнати се податоци од 3 221 избирачко место. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 699 296.
Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,72.
-Најголема излезеност има во Вевчани 61,84, Дебарца 53,41, Демир Капија 57,65, Дојран 60,91, Зелениково 52,77, Карбинци 50,25, Конче 55,13, Крива Паланка 56,01, Кривогаштани 52,33, Крушево 60,31, Лозово 61,09, Македонски Брод 59,66, Пробиштип 56,43, Ранковце 57,07, Росоман 58,69, Старо Нагоричане 52,26, Чашка 65,50 и Чучер Сандево 51,74 отсто. Најмала излезеност е регистрирана во Шуто Оризари 30,38 проценти, Радовиш 31,57, Маворов Ростуше 25,89, Пласница 32,87, Врапчиште 20,94 отсто, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.
Во Град Скопје излезеноста по општини е: во Аеродром 39,32, Бутел 42,29, Гази Баба 35,55, Ѓорче Петров 37,73, Карпош 42,86, Кисела Вода 39,37, Сарај 47,94, Центар 42,35, Чаир 45,09 и Шуто Оризари 30,38 отсто.
-На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 17:00 часот, излезеноста во Скопје била 41,38 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.
Според неа, досега нема најава за продолжување на гласањето по 19 часот во ниту едно од избирачките места.
ДИК апелира изборните органи да не ја попречуваат работата на домашните медиумски работници и од нив да не бараат акредитации од ДИК.
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
