Излезе новиот број на списанието за книжевност и култура АКТ

Списанието АКТ и во овој број донесува разновиден избор од поезија и проза од автори од повеќе генерации, како и критички осврти.
Главниот уредник Братислав Ташковски во уводникот насловен „Време за преиспитување“, се осврнува на новите состојби во културата.
Во овој 61-ви број на АКТ поместен е избор поезија од домашните автори Раде Силјан, Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Цане Ризески, Љубинка Донева, Марина Мијаковска, Снежана Стојчевска и Митко Апостолов, добитник на наградата „Антологија на болката“ на 54. Рацинови средби.
Со проза се застапени Блаже Миневски и Никола Кочовски, а критичко-есеистичкиот дел го пополнуваат Иван Џепаровски, Ана Витанова-Рингачева, Кристина Николовска, Лидија Капушевска-Дракулевска, како и Ацо Гогов, со опсежен осврт на 13. Интернационален филмски фестивал „Астерфест“.
Новиот број на АКТ е збогатен и со препеви од 16 бугарски поети, како и со десетина песни од истакнатиот српски автор Радомир Виденовиќ, во препев на Славе Ѓорѓо Димоски.
Списанието АКТ може да се најде во книжарниците на Издавачки центар ТРИ, во Дебар Маало и во ГТЦ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
