Македонија
5. November 2016 - 14:09

Излетал од пат и удрил во дрво, штипјанец се бори за живот

Вчера во 19.05 часот на регионалниот пат Плачковица - Штип, на 1.2 км после крстосницата за с.Радање СО – Карбинци, се случила сообракајна незгода во која патничко возило “Фиат Пунто“ управувано од И.П.(31) од с.Крупиште, СО – Карбинци излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.
 
Во незгодата И.П. се здобил со повреди и бил пренесен во КБ-Штип, каде од страна на лекар било констатирано дека се работи за контузија на глава со отворена рана, потрес на мозок и болки во вратот, посекотини во пределот на глава и нагмечување на глава, по што поради карактерот на повредите бил препратен во УЦ во Скопје.
 
Увид на лице место е извршила увидна екипа од ПС за БПС – Штип.