-->
-->
Изградена пешачка патека во Крива Река
-->
Пешачката патека во коритото на Крива Река, која претставува продолжение на т.н Пазарска патека, е целосно изградена. За изградбата се вложени околу два милиони денари, средства од буџетот на општината.
Трасата од градскиот парк до т.н. Виолетов мост е со должина од 450 метри и широчина од два метра, а е изработена од армиран бетон со завршен слој од камени плочи. На дел од патеката е изграден армирано - бетонски мост за премин преку Дурачка Река на вливот на Дурачка во Крива Река.
Во овој дел од кејот просторот ќе биде амбиентално уреден, обработен со бекатон плочки, а ќе бидат поставени и скали за пристап на пешаците на горното ниво.
Според надлежните ова е продолжение на проектот за изградба на пазарската патека која првично се протегаше од паркот до градскиот пазар во должина до 250 метри. Извршена е доизрадба на патеката која со првичниот дел е со вкупна должина од околу 700 метри. Таа претставува функционално решение за побезбедно минување на граѓаните, како и создавање нова рекреативна зона во централното градско подрачје во кејот на Крива Река.
Според информациите од локалната самоуправа на општина Крива Паланка, патеката претставува надополнување на содржините за рекреација во мајор коритото на реката. Целиот простор ќе биде хортикултурно уреден, за што е задолжен секторот „Паркови и зеленило“ на Јавното претрпијатие „Комуналец“ од Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом