Изградба на нови приватни градинки во училиштата во Скопје и поголемите општини

Министерството за труд и социјална политика наскоро ќе понуди атрактивни локации во рамки на училиштата во Скопје и поголемите општини во земјава за отворање приватни градинки. Локациите ќе бидат понудени по почетна цена од 1 евро по метар квадратен со намалени комуналии за 95 проценти за разлика од минатата.
Ова го најави ресорниот министер Диме Спасов кој рече дека целта е да се поддржи приватниот сектор.
- Се трудиме максимално да ги потикнеме приватните инвеститори за да инвестираат во изградба и отворање нови приватни градинки. Во изминатите две и пол години имаме навистина позитивни ефекти и позитивни резултати во отворање на приватни детски градинки. До сега се отворени вкупни 20 приватни детски градинки, што исто така влијае значително на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст особено во градот Скопје, бидејки поголемиот дел од приватните детски градинки се наоѓаат во Скопје, но веќе се зголемува интересот во повеќе градови ширум Република Македонија за отворање на повеќе приватни детски градинки, рече Спасов денеска при почетокот на изградбата на нова градинка во Општина Илинден.
Тој истакна дека не само што се зголемува капацитетот, туку исто така овие приватни детски градинки отвораат нови работни места и оти во овие 20 нови приватни градинки работат над 150 лица, кој се отворени изминатите неколку години.
Спасов потенцира дека покрај инвестициите на Министерството во општинските јавни установи, во нови објекти, за детски градинки во рамки на повеќе општини во Република Македонија планот на Министерството е отворање 40 градинки во четиригодишен период, односно по десет објекти годишно, секоја година практично се надминува бројот на десет објекти во којшто се инвестира во соработка со општините.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
