Изградба на мини обиколница во Штип

Почна да се гради мини обиколницата од штипската населба Сењак до фабриката за чевли „Баргала“ во Штип. Станува збор за еден од најголемите инвестициски проекти на Општина Штип кој беше проценет на 57.7 милиони денари, но по извршената лицитација, тој ќе се реализира за 36.5 милиони денари или околу 590.000 евра. Проектот во наредните шест месеци ќе го реализира штипската компанија „Актива“.
Портпаролот на Општина Штип Драган Ристов денеска на прес-конференција рече дека изграбата на миниобиколницата и на нов мост на реката Брегалница ќе овозможи побрзо сообраќајно поврзување на неколку големи штипски населби со индустрискиот дел на градот. Но, градежната фирма која го реализира проектот бара граѓаните кои имаат времени објекти, бараки покрај коритото на реката Брегалница итно да ги отстранат за да нема пречки во работата.
- Ги информираме граѓаните на Штип кои поседуваат времени објекти од типот на шупи, бараки, места за чување стока и живина, како и други објекти за кои немаат одобрение, долж коритото на река Брегалница, нив итно да ги отстранат заради нови градежни зафати на локалната самоуправа. Граѓаните треба да ги остранат објектите на потегот долж реката Брегалница од лева и десна страна, на потегот од фабриката „Баргала“ па кон поранешниот ресторан „Пелагонија“. Доколку не го сторат тоа самите, Општината нив ќе ги отстрани, а средствата за реализација ќе паднат на товар на имателите на овие објекти, рече. Ристов.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
