-->
-->
Изгоре викендичка во Моклиште кај Кавадарци
-->

Ноќеска изгоре викендичка во викенд населбата Моклиште кај Кавадарци. Информацијата ја потврди кавадаречката територијална противпожарна единица. Пожарот избил околу полноќ. Околу три часа се справувале со огнот.
- Интервениравме со две противпожарни возила и тројца пожарникари, а на помош ни дојдоа и едно возило со тројца пожарникари од компанијата „Кожувчанка". Се работи за тешко пристапен терен, угорнина, па моравме линијата за гаснење да ја поставуваме преку река и на оддалеченост од околу двеста метри, информираат утрово од Теритиријалната противпожарна единица.
Се утврдуваат причините за пожарот и материјалната штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
-

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија за што имаме поддршка од ЕУ и земјите членки, нашите позиции се јасни и принципиелни
-

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември
-

Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
-

За девет месеци во 2026 година регистрирани над 1.300 кривични дела поврзани со семејно насилство
-

Истрага против четири лица, а за тројца побаран притвор после големата акција во Куманово: „Падна“ лихварска група
