-->
-->
Изгоре викендица во Штип
-->

На ден 19.09.2017 година во 02.50 часот во Секторот за внатрешни работи Штип, Р.Р. (53) од Штип пријавил дека во атар на с.Љуботен-Штип на м.в. Раскрсница, во неговата викендица настанал пожар. Пожарот целосно е изгаснат од екипа на Територијална противпожарна заштита -Штип, а увид на лице место извршила екипа од - СВР Штип. Во пожарот е опожарена спалната соба, дневната соба и купатилото, магацински простор полн со разновиден алат, како и разновиден материјал за градба сместен во дворот на викендицата, со што е предизвикана значителна материјална штета.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
-

Македонија во екстремен ризик од пожари – Надлежните предупредуваат на внимателност
-

Преглед на вестите од светот
-

Подобрување на епидемиолошката состојба во Гостивар, но водата и понатаму не е за пиење поради нова бактерија
