Македонија
22. March 2016 - 13:13

Изгоре стан во Скопје, нема жртви

Рано утрово околу 04.00 часот во Скопје на ул. „Бранко Заревски“, од засега непознати причини настанал пожар во стан на 5-ти кат, сопственост на С.Н.(71).
 
Во моментот кога избил пожарот во станот се наоѓал и сопственикот. Повредени лица нема. Од страна на екипа од ТППЕ-Скопје, пожарот е целосно локализиран во 05.00 часот.