-->
-->
Изгоре семејна куќа во Штип - пожарот за само неколку минути направил вистински пустош
-->
Штипско семејство за само неколку минути остана без покрив над главата откако во нивната семејна куќа избувнал пожар. Според информациите од полицијата , вчера во 14:00 часот во Секторот за внатрешни работи Штип, од Територијалната противпожарна единица Штип било пријавено дека на улицата „Солунска“ во куќата сопственост на В.М.(58), избувнал пожар на кат од куќата од кој целосно биле опожарени соба, кујна, трпезарија и тераса.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Причина за настанувањето на пожарот најверојатно била неисправна плинска боца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор