-->
-->
Изгоре куќа во село во Старо Нагоричане
-->

Вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, од страна на командир на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане бил пријавен пожар во куќа лоцирана во село Орах-Старо Нагоричане.
Во 16,50 часот од страна на увидна екипа од СВР Куманово, а по овластување од Јавен обвинител бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека избувнал пожар во стара камена куќа во која постојано не се живее, а била сопственост на Т.Т.(84) од Скопје.
Од пожарот изгорела целата кровна конструкција на куќата, која потоа паднала.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
-

Нови правила за фер вработувања во јавниот сектор
-

Целосно е реновирано одделението за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
