Изгласано отповикување за јужнокорејската претседателка Парк Гуен-ху
Пратениците во јужнокорејскиот парламент утрово изгласаа отповикување на претседателката Парк Гуен-ху поради вмешаност во корупциски скандал, поради што беа зајакнати повиците да поднесе оставка.
Веднаш по гласањето, претседателката свика седница на владата, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
За време на гласањето, стотици демонстранти се собраа пред зградата на парламентот.
За импичментот беше неопходно да гласаат најмалку 200 од вкупно 300 пратеници.
Барањето за отповикување на претседателката го потпиша 171 пратеник, а за тоа да биде усвоено беше неопходно двотретинско мнозинство во парламентот, што значи дека барањето го поддржале и некои пратеници од владејачката партија.
Откако е изгласано отповикувањето, Уставниот суд на Јужна Кореја има 180 денови да одлучи дали формално ќе ја смени од власт претседателката или ќе ги врати нејзините овластувања. Таа ќе управува до одлуката на судот.
Ново на Сител
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца
-
Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани