Балкан
13. November 2017 - 14:53

Изетбеговиќ и Додик со различни погледи за иднината на БиХ

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик во одвоени интервјуа изнесоа два спротивставени става за судбината на босанската држава.

Додик во интервју за „Вечерње новости“ изјави дека „сака да ја одвои Република Српска од БиХ, без притоа да падне ниту една глава“. додека Изетбеговиќ за Дојче Веле наглси дека „доколку Република Српка прогласи независност, ќе загуби, се надевам без војна“.

- Сонувам и верувам дека Република Српска некогаш ќе биде држава. Дали тоа ќе биде за пет, десет или петнаесет години, не е важно. Гарантирам, независна Република Српска ќе ни падне в скут како зрело јаболко. БиХ е неодржлива држава и доколку Република Српска би се одвоила денес, би немале ниту еден проблем да живееме како независна држава. Кога би можел утре да направам независна Република Српска, без притоа да падне ниту една глава, би го сторил тоа. Мојата политика е тоа да го направам со политички средства, изјави Додик за „Новости“.

Додик смета дека Босна и Херцеговина е „принуда, а не желба", додавајќи дека себе си никогаш не се чувствувал како Босанец.

Изетбеговиќ на изјавата на Додик во интервјуто за Дојче веле оговори дека „доколку Република Српска поттикне второ полувреме, ќе загуби - се надевам политички, а не воено“.

- Ова не е држава каква би сакале и за која се залагаше татко ми и каква заслужуваат граѓаните на Босна и Херцеговина. Но, пред се, таа држава опстана. Тоа е првото нешто за што татко ми се бореше, изјави Изетбеговиќ за состојбата во БиХ.

Според него,, БиХ со сите проблеми, внатрешни блокади и сопки, оди во вистинска насока, но премногу бавно.

Запрашан што ќе стори „доколку Република Српска тргне на патот на Каталонија“ и прогласи независност, Изетбеговиќ истакна дека „ќе го стора она што сите патриоти во земјата би го направоле за да го одбранат добиеното во борбата во периодот 1992-1995 година и со Дејтонскиот мировен договор“.

Изетбеговиќ заклучува дека страната која тој ја застапува е  „Дејтонскиот мировен договор, историјата, Уставот, како и интересите на земјите на Балканот, вклучувајќи ја и Србија“.