Издадени 2.093 потврди на мигранти

Вкупно 2.093 потврди се издадени на странски државјани во периодот од 8 часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број 1.325 се од машки пол, 259 се од женски, 341 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 168 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Најголем број се лица од Сирија-1.830, Авганистан – 102, Ирак-88, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 57.151 странски државјани, од кои 39.194 се од машки пол, 7.798 се од женски, 8.967 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.192 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-46.453, потоа Авганистан-3.156, Ирак-2.622, Пакистан-1.673, Палестина-711,Сомалија-564, Бангладеж-381, Конго-323, Нигерија-196, Камерун-159 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 8 часот вчера до осум часот утрово до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 11 баратели на азил, од кои 7 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), една жена и три малолетни лица.
- Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четворица баратели на азил - еден маж, една жена и две деца од кои едно дете е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО
-

Мерц ја повика Русија да запре со „опасните провокации“ откако паднаа три ракети во Полска
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
-

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува
-

На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
-

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
